Достапни линкови

Иванов: Америка е искрен пријател


Ѓорѓе Иванов

Ѓорѓе Иванов

,,Во Америка навистина имаме искрен пријател кој ги почитува сите активности што се направени од наша страна за да ги оствариме нашите НАТО аспирации,,. Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов по посетата на Вашингтон каде што имаше средби со претставници на Конгресот и на администрацијата. ,,Се гледа нивната посветеност да придонесат секаде каде што можат за конечно да се најде некое решение за Македонија да ги ужива привилегиите од членство во НАТО, а не само да ги има сите обврски,, оценил претседателот Иванов. Тој, меѓу другото, имал средба и со заменик помошникот државен секретар на САД Томас Кантримен кој, како што јавува МИА, искажал јасни позиции дека колку што Македонија останува надвор од НАТО толку ќе се усложнуваат проблемите внатре во државата. Пртеседателот Иванов во Вашингтон присуствуваше на традиционалниот молитвен појадок што го организира Конгресот.
XS
SM
MD
LG