Достапни линкови

Денеска нови протести на албанската опозиција


Од протестите во јануари

Од протестите во јануари

Во Тирана за денеска е најавен нов протест на опозицијата, која бара оставка на владата на Сали Бериша и распишување вонредни парламентарни избори.
Вчера во Албанија престојуваше Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. По средбите со албанските политички лидери, тој изјави дека истрагата за случувањата на 21 јануари треба да ја спроведат институциите предвидени со Уставот на земјата. Според него, истрагата треба да се спроведе така што да нема никакви сомневања во нејзината вистинитост.
XS
SM
MD
LG