Достапни линкови

Протести на работниците во Турција


Турскиот Парламент

Турскиот Парламент

Турската полиција употребила водени топови и солзавец да ги растера работниците, кои се упатиле да протестираат пред Парламентот. Илјадниците демонстранти протестираат против предлог-законот за работни односи. Полицијата го блокирала патот кој води кон законодавниот дом. Работниците фрлале камења, прачки и јајца по безбедносните сили.
Според предлог-законот работодавците ќе можат да ги преместуваат работниците против нивна волја, работниците ќе бидат одговорни за финансискиот дел на здравственото осигурување и работодавците ќе можат да вработуваат помлади соработници на четири месеци без плата.
XS
SM
MD
LG