Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, неделници, печат

Весници, магазини, неделници, печат

Случајот „Перо Наков“, претвореничката која го загуби бебето, политичката криза... главни теми во дневниот печат.

Бремената притвореничка од случајот „Пајажина“ го загуби бебето, објавија Утрински, Време, А1 телевизија и некои други телевизии во средата и во четвртокот. Инаку, за напуштањето на целата опозиција, освен на четворицата пратеници на ЛДП на Собранието, јавија сите медиуми, а како што наведува Дневник, опозициско настроените медиуми тоа ги предизвикало засилено да прогнозираат дека „Македонија е на чекор до политичка криза“, како што пишува Утрински и дека „Странските дипломати стравуваат од крвава разрешница“, како што наведува Време.


Вечер насловува: „СДСМ сака криза, ВМРО-ДПМНЕ не дава“, и „СДСМ повторно го блокира Парламентот и Македонија во заштита на криминалот“, сугерирајќи на тој начин дека тоа го прави како поддршка на Велија Рамковски.

Нова Македонија, за истото случување, пишува дека „Бојкотот на Собранието е притисок за избори“.

Сите медиуми објавија за средбите на лидерот на СДСМ, Црвенковски, со евроамбасадорот Фуере и со неколкумина други странски амбасадори, со таа разлика што Утрински пишува дека контактите поминале „Наводно без странски притисоци“ и дека Брисел бара „Власта и опозицијата да го обноват дијалогот“; Време, дека американскиот амбасадор Рикер по негово барање се сретнал и со премиерот и дека на средбата, на која присуствувал и првиот човек на Службата за државна безбедност, Мијалков, тој ги искарал и двајцата, а Вечер, од изјавата на амбасадорот Фуере во наслов ги вади зборовите дека „Бојкотот на опозицијата на Парламентот не е решение за проблемите“, додека таканаречените опозициски медиуми го објавија делот од неговата изјава каде што тој го пренесува и ставот на Брисел дека, покрај политичкиот дијалог, треба да се обезбеди и слободно функционирање на медиумите и независност на судството од политичките влијанија.

Блокирањето на сметката на А1 Телевизија, што практично претставува чекор за затворање на медиумот, е исто така тема што ја занимава јавноста, особено интервјуто на премиерот Груевски во отвореното студио на телевизијата пред Владата и неговите зборови дека власта не сакала да ја затвори А1. Утрински објавува инспиративен наслов: „Груевски и А1 - танц на режимот и демократијата“.

И за по нешто друго информираат електронските изданија на весниците, како на пример Дневник, дека Министерството за образование ја бомбардира јавноста со платени реклами во печатените и електронските медиуми за измените на Законот за високо образование, иако, како што наведува, во јавноста се' уште се дебатира за новите одредби и не е сигурно колку од нив ќе влезат во новото законско решение.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG