Достапни линкови

План за непостоечката трговија со луѓе во Битола?


Битола

Битола

Иако, официјалната статистика покажува дека во Битола не е регистиран ниту еден случај на трговија со луѓе, општината ќе изработува план за превенција на појавата. Опозицијата критикува за беспотребно наводно перење пари.

Официјалната статистика покажува дека во Македонија минатата година имало само десет случаи на трговија со луѓе, од кои ни еден во Битола, а општината дозволи да се изработи и ќе финансира акционен план за превенција од оваа појава. Ваквиот чекор предизвика критики на советницте од опозицијата во општинскиот Совет. Тие велат дека наместо да се решаваат социјалните проблеми, се прават планови за речиси непостоечки појави во општината.
Ние како институција треба да се зафатиме со вистинските социјални проблеми што ги имаат граѓаните на општина Битола.

„Трговијата со луѓе и илегалната миграција е еден од проблемите со кои општина Битола се соочува во многу помал обем во споредба со другите проблеми. Имаме 30 проценти сиромашно население, 18.000 невработени лица, имаме скоро 18.000 пензионери. Ние како институција треба да се зафатиме со вистинските социјални проблеми што ги имаа граѓаните на општина Битола“, обвини советничката Наташа Струмениковска од СДСМ.

Советот на општина Битола

„Во Македонија во 2010 година само десет луѓе биле жртви на трговија со луѓе. Но, дали тоа е приоритет за Битола? Ако се отвори дневен центар за деца од улица, кој не знам дали работи зашто се уште гледам деца на улица кои питаат, тој проблем не е решен. Невработеноста да ја намалиме, но ние никакви планови не носиме во овој Совет за нзјгорливите проблеми, за сиромаштијата итн. Носиме план за нешто што не го тангира поголемиот дел од населението. Нека ми каже некој од граѓаните дали познаваат пример да има трговија со луѓе“, вели Горан Милевски од ЛДП.

Сепак, за локалната власт прокетот е приоритетен.

„Битола, како погранична општина има реална обврска да преземе дејствија со кои ќе помогне во спречувањето на овие појави. Една од најважните работи е заголемување на свеста на службените лица кои работат на граничните премини за примена на Законот за сузбивање на трговијата со луѓе, препознавање на овој криминал, запознавање со овој проблем на учениците од средните училишта и едукација на обичниот граѓанин преку јавни трибини“, вели советничката Зоре Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во планот не е посочено точко колку пари за негова реализација ќе бидат изводвоени од општинската каса.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG