Достапни линкови

logo-print

Амбасадорите во Македонија повикуваат на политички дијалог


Macedonia - Simone Filipini ambassador of Holland to Macedonia, Skopje, undated

Macedonia - Simone Filipini ambassador of Holland to Macedonia, Skopje, undated

Унгарскиот амбасадор во Македонија Ференц Кекеши чија земја е актуелен претседавач со ЕУ денеска изјави дека проблемите во Македонија треба да се решаваат со политички дијалог во Парламентот, а не се бојкот од страна на опозицијата. Според Кекеши партиите треба да одлучат дали ќе има предвремени избори во Македонија, но парламентарната криза не се решава на тој начин.
Холандската амбасадорка Симоне Филипини смета дека најважно е повторно да се обнови политичкиот дијалог меѓу опозицијата и власта. Амбасадорите присуствуваа на одбележувањето на Глобалниот ден на изборите во Скопје.
XS
SM
MD
LG