Достапни линкови

Иванов на Молитвениот појадок


Претседателот Ѓорѓе Иванов
Претседателот Ѓорѓе Иванов

Експертите велат дека Молитвениот појадок е повеќе симболична отколку суштинска средба.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Вашингтон присуствува на 59-тиот традиционален Молитвен појадок што го организира американскиот Конгрес.
На појадокот, кој се одржува секој прв четврток во февруари, во хотелот Хилтон присуствуваат околу три илјади гости - светски лидери, политичари, претставници на бизнис елитата, како и американски конгресмени и сенатори.
Државната новинска агенција МИА пренесува дека претседателот Иванов ќе се обиде појадокот да го искористи за лобирање кај американската
Вредноста на молитвениот појадок колку и да звучи искривоколчено, меѓутоа не е во симболичната средба и ракување со американскиот претседател туку во умешноста на државата да ја направи агендата поврзана со и пред тоа, врзана со молитвен појадок.
администрација за поддршка за спорот со Грција, со цел преговорите да може да добијат завршница.
Познавачите на состојбите велат дека Молитвениот појадок е повеќе симболична, отколку суштинска средба. Таму нема разговор, туку само поздравување, вели професор Стево Пендаровски, советник за национална безбедност на двајца поранешни претседатели.

Молитвениот појадок традиционално го организација на американскиот конгрес
„Вредноста на молитвениот појадок колку и да звучи искривоколчено, меѓутоа не е во симболичната средба и ракување со американскиот претседател туку во умешноста на државата да ја направи агендата пред и по тоа, врзана со молитвен појадок, со други влијателни личности во американскиот живот.“

Пендаровски вели дека има впечаток оти средбите на Претседателот со политичките фактори во САД се политички непродуктивни.
Мора да се концентрираат на важните чинители од сегашната демократска администрација во Вашингтон ако сакаме да добие поддршка за било кој од ставовите на Америка за некои од нашите горливи прашања. Инаку убаво е да се сликате со Џон Мекејн меѓутоа тој не е политички фактор денеска во
Америка.


„Јас мислам од она што го видов до сега, барем она што досега е јавено во медиумите, е концентрирана прилично на голема бројка на републикански конгресмени и сенатори што е непродуктивно бидејќи тие не се на власт во Вашингтон. Мора да се концентрираат на важните чинители од сегашната демократска администрација во Вашингтон ако сакаме да добие поддршка за било кој од ставовите на Америка за некои од нашите горливи прашања. Инаку убаво е да се сликате со Џон Мекејн меѓутоа тој не е политички фактор денеска во Америка.“

На слично мислење е и политичкиот аналитичар Хисен Рамадани.

„На таква средба нема можности тоа лобирање да има ефекти или таа средба да даде можност за лобирање пошироко со претставниците кои таму ќе бидат присутни, но на крајот на краиштата секој обид треба да се направи.“

Освен Иванов, на појадокот се присутни и министрите за култура и за животна средина Елизабета Канческа–Милевска и Неџати Јакупи. Во македонската делегација се и пратениците Влатко Ѓорчев и Христина Рунчева од ВМРО-ДПМНЕ и Славица Гркова од СДСМ, како и сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG