Достапни линкови

Грција - закон за „лов“ по даночни затајувачи


Економска криза - протести

Економска криза - протести

Грчкото Министерството за финансии планира да формира суд за даночни должници, со што се криминализира појавата „затајување данок“, која доби епидемиски размери во Грција, пишуваат денеска грчките весници.
Ова е предвидено со нацрт-законот изготвен од Владата, кој следната недела ќе биде претставен на Министерскиот совет, а потоа ќе биде доставен и до Парламентот.
Согласно конечната варијанта, лицата кои се приведени поради неплаќање данок ќе бидат судени на лице место, по брза постапка, а тие ќе се судат за криминално дело и ќе се казнуваат со затворска казна.
Нацрт-законот вклучува и укинување на банкарската тајна и предвидува објавување на имињата на даночните должници.
XS
SM
MD
LG