Достапни линкови

Анти владини и про владини протести во Сана - Јемен


Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците на Сана. Според проценките околу 20 илјади јеменци организирани од опозицијата бараат оставка на Претседателот Али Абдула Салех кој е на власт 30 години. Се јавува дека и неговите подржувачи се собираат на плоштадот во Сана. Салех пак воочи протестите изјави дека нема да бара продолжување на 30 годишното владеење по истекот на мандатот во 2013 година. Американскиот Претседател Барак Обама му телефонирал на Претседателот и ја подржал неговата иницјатива. Салех, американски сојузник, вети и дека нема да му ја предаде власта на синот. Јемен е една од најсиромашните земји кои се борат и против сепаратизмот и Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG