Достапни линкови

logo-print

Во Јемен најавени протести - Претседателот најави повлекување во 2013


Обраќање на Претседателот Салех во Парламентот во Сана

Обраќање на Претседателот Салех во Парламентот во Сана

За денеска во Јемен се најавени големи протести на опозцијата која бара оставка на Претседателот Али Абдула Салех. Тој пак воочи протестите изјави дека нема да бара продолжување на 30 годишното владеење. Претседателскиот мандат му завршува во 2013 година. Салех, американски сојузник вети и дека нема да му ја предаде власта на синот. Овие постапки, како што порача во Парламентот Претседателот Салех, се во интерес на земјата. Минатата недела и Јемен, како и Тунис и Египет, се соочи со демонстрации на кои се бараа промени. Јемен е една од најсиромапшните земји кои се борат и против сепаратизмот и Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG