Достапни линкови

Донаторска конференција за опозицијата во Белорусија


Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски предвидува дека белорускиот претседател Александар Лукашенко може да очекува немири и спротиставувања слични на оние кои го потресуваат арапскиот свет. Сикорски ја даде изјавата во Варшава по донаторска конференциоја на која беа собрани повеќе од 120 милиони американски долари за подршка на опозицијата во Белорусија. На конференцијата, која е прва од ваков тип, присуствуваа претставници од 36 нации а целта беше да се подржат невладините организации, независните медиуми, студентите и други организации во Белорусија. Настанот се организира непосредно откако САД и Европската унија одредија казни за белоруската влада, поради растурањето на протестите кои избија за оспорување на победата на Лукашенко на последните претседателски избори.
XS
SM
MD
LG