Достапни линкови

logo-print

Снежна олуја го зафати северноамериканскиот континент


Аеродромот во Њу Џерси е затрупан со снег

Аеродромот во Њу Џерси е затрупан со снег

Голема снежна олуја го зафати северноамериканскиот континент. Во триесетина сојузни американски држави има обилни врнежи од снег, посебно кон североистокот. Ситуацијата е најтешка во Чикаго, каде падна повеќе од половина метар снег. Вчера повеќе од 6.000 авионски летови беа откажани а од Тексас до Њу Ингланд повеќе од 375 илјади домаќинства останаа без струја. Претседателот Барак Обама изјави дека потребна е добра координација на сите владини тела со цел да им се помогне на државите кои се соочуваат со последици од невремето.
XS
SM
MD
LG