Достапни линкови

Бремена притвореничка од „Перо Наков“ го изгуби бебето


Една од притворените жени од случајот „Перо Наков бб“, која беше бремена го изгуби своето дете. Попладнево, поради обилно крварење, таа итно од притворот во Шутка била донесена на Клиниката за гинекологија. Докторите од Гинекологија велат дека не можеле да помогнат и да го спасат плодот. Притворената била во рана бременост.

Таа и останатите притвореници во случајот „Перо Наков“ се во притвор веќе 40 тина дена.

Не се познати причините за спонтаниот абортус. Лекарите неофицијално коментираат дека најчеста причина за ваков вид абортуси е психичкиот стрес.
XS
SM
MD
LG