Достапни линкови

Романски пратеници гласале Ромите да се нарекуваат Цигани


Две парламентарни комисии во Романија денеска гласаа за промена на официјалното именување на Ромите, според кое претставниците на таа малцинска етничка група треба да се нарекуваат „Цигани“. Пратениците сметаат дека поимот Цигани се користи пошироко во однос на Роми кој е многу поблизок до тој на Романија.
Ромските граѓански организации сметаат дека зборот „Цигани“ носи во себе негативни конотации за нив како сиромашни, необразовани и бездомни луѓе.
XS
SM
MD
LG