Достапни линкови

Амнести Интернешнел бара ЕУ да изврши притисок на Хрватска


Програмскиот директор на Амнести интернешанал Никола Дакворт денеска побара од ЕУ да изврши притисок врз Хрватска да ги исправи пропустите во судската истрага на воените злосторства. Дакворт смета дека Хрватска треба да ги земе предвид и критиките на организацијата за судството во земјата.
Во последниот извештај организацијата побара од Хрватска да ја забрза судската истрага за воените злосторства. Според извештајот властите од земјата не започнале истрага против високи воени и политички официјални лица, иако имале општествено достапни судски податоци со кои би можеле да ги обвинат.
XS
SM
MD
LG