Достапни линкови

Белоруската опозиција ќе добие донација од 87 милиони евра


Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави денеска дека белоруските опозициски движења ќе добијат донација од 87 милиони евра. Сикорски ја соопшти одлуката по завршувањето на конференцијата во Варшава на која заседаваа 36 земји за собирање на помош за белоруската опозиција по задушувањето на анти-владините протести, против реизборот на Претседателот Александар Лукашенко. Според Сикорски примерите на соборениот туниски пртетседател Бен Али и на египетскиот Мубарак можеби ќе го натераат на размислување Лукашенко дека патот кој го избрал не е најдобриот за него.
XS
SM
MD
LG