Достапни линкови

logo-print

Скулптурите од пред Влада да се вратат во Хераклеја


Статуите пред македонската влада

Статуите пред македонската влада

Опозицијата во битолската општина бара скулптурите од археолошкиот локалитет Хераклеја да бидат вратени назад, а не во новиот Археолошки музеј што се гради во Скопје.

Најавите дека дел од доцноатичките скулптури ќе го напуштат платото пред Владата и ќе се вдомат во новиот Археолошки музеј во Скопје, ја разбрануваа Битола. Опозицијата побара скулптурите од археолошкиот локалитет Хераклеја да бидат вратени назад за да не се осиромашува туристичката понуда на Битола.
Загрижува фактот што тие споменици наместо да бидат вратени онаму каде што припаѓаат се најавува нивно сместување во музејот во Скопје кој ќе се гради како дел од проектот Скопје 2014-та. Дали оваа локална самоуправа и граѓаните ќе дозволат Битола да го изгуби највредното од своето историско наследство.


„Загрижува фактот што тие споменици наместо да бидат вратени онаму каде што припаѓаат се најавува нивно сместување во музејот во Скопје кој ќе се гради како дел од проектот Скопје 2014-та. Дали оваа локална самоуправа и граѓаните ќе дозволат Битола да го изгуби највредното од своето историско наследство. Во еден претходен систем огромен дел од тоа историско богатство заврши во музеите во Белград. Дали се повторува историјата. Битола тоа не го заслужува. Фигурата на Атена Партенос да го краси музејот на Белград, а скулптурата на граѓанинот Тит музејот во Скопје“, вели Наташа Струмениковска од СДСМ.

Ескпертите од битолскиот Завод и музеј, под чија надлежност е и локалитетот Хераклеја, велат дека промоцијата на скулптурите во Скопје се добра можност да привлечат повеќе туристи во Битола.
Напротив на секој од овие споменици е наведен локалитетот од каде се пронајдени и чинам дека уште повеќе се зголемува интересот за некој да се заинтересира каде е Хераклеја за да дојде да ја посети.


„Пред неколку години пред Владата од Музеј на Битола се презентирани споменикот на Тит Флавил Орест и една скулптура на Тогатос. Со самото презентирање сметам дека музејот не губи ништо. Напротив на секој од овие споменици е наведен локалитетот од каде се пронајдени и чинам
дека уште повеќе се зголемува интересот за некој да се заинтересира каде е Хераклеја за да дојде да ја посети“, вели археологот Аница Ѓоргиевска.

Според изјавите на Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, ќе се направи селекција на позначајните артефакти кои во иднина ќе бидат изложени во новиот музеј. Скулптурите од неколку археолошки локалитети низ државата беа дислоцирани пред неполни четири години и поставени пред Владата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG