Достапни линкови

logo-print

Кулиминира кризата во мак-фудбалот


Македонскиот фудбал е во повеќегодишна криза, која почна да се одразува и на сениорската репрезентација.

Таа подолг период бележи слаби резултати, што се рефлектира на пласманот на листата на ФИФА, каде сега сме 81-ви, најслаб рејтинг во последните пет години и откако е воведен новиот начин на рангирање на светската фудбалска федерација. А само пред 2 години, и покрај константното четврто место во квалификациите, бевме 46-ти. Тоа најдобро говори за големиот пад на националниот тим, за што има повеќе причини. Од нив, според
Мислам дека само талкаме, се задоволуваме со еден-два позитивни случајни резултати и не држат наредните две години.
поранешниот репрезентативен капитен Љупчо Марковски, на прво место е немањето услови за работа, поради што сме далеку од земјите кои не така одамна лесно ги победувавме.

„Ние само зборуваме тогаш ја победивме Словенија со 4:1 првиот натпревар, па сега тие кај се, а ние кај сме... Значи треба да видиме сите заедно како функционираат фудбалските клубови во Словенија, а како ние овде и многу ќе ни стане јасно зошто ние сме овде, а Словенија оди и на Европско првенство и на други натпреварувања“, изјави актуелниот тренер на Скопје.

Публиката на стадионот Филип Втори на мечот Работнички-Ливерпул, во јули 2010 година

Со неговото мислење се согласува уште еден екс-фудбалер на Вардар и репрезентативец од времето на Југославија, Драги Сетинов, според кого голем проблем е и тоа што немаме стратегија.
Во сите држави главни луѓе во фудбалот се поранешни фудбалски легенди, само кај нас не е така и тоа е основниот проблем.
Тоа е незамисливо во светот, вели тој.

„Работиме моментално и можеби нешто ќе направиме, а гледаме дека не правиме ништо. Мислам дека само талкаме, се задоволуваме со еден-два позитивни случајни резултати и не држат наредните две години“, рече поранешниот член и на УО на ФФМ.

Имајќи го предвид актуелниот миг, исто како Марковски, и тој не е голем оптимист дека работите ќе тргнат кон подобро, иако Македонија има потенцијал за многу повисоки дострели. Но, за да се потврди тоа во дело, потребни се коренити промени и инвестирања во мак-фудбалот, во кого мора да се најде место за неговите прославени фудбалски имиња.

„Во сите држави главни луѓе во фудбалот се поранешни фудбалски легенди, само кај нас не е така и тоа е основниот проблем, затоа што доколку дојде човек кој е големо фудбалско име и УЕФА и ФИФА ќе помогнат, затоа што кога ќе се појави таков човек јасно им е дека таму нема да има матни игри. Само така може да направиме нешто во фудбалот“, додаде Сетинов.
XS
SM
MD
LG