Достапни линкови

ЕУ бара поголеми безбедносни мерки при авионските летови


Европската комисија предлага нов закон со кој ќе се бара од авиокомпаниите кои имаат летови надвор и во ЕУ да ги доставуваат информациите за патниците на властите. Авиокомпаниите ќе бидат задолжени да ги соопштат имињата на патниците и методот на плаќање. Предложената мерка против терористичките закани најверојатно ќе го покрене прашањето за приватноста на граѓаните на Унијата. Претходниот договор на ЕУ да разменува податоци за патниците со САД, Австралија и Канада се преиспитува поради притисокот на Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG