Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу приврзаниците на Мубарак и демонстрантите


Протестите во Египет

Протестите во Египет

Приврзаниците на египетскиот претседател Хосни Мубарак денеска се судриле со демонстрантите на плоштадот Тахир во Каиро, кои бараат да се стави крај на тридеценискиот режим во земјата. До судирите дошло кога приврзаниците на Мубарак пристигнале на плоштадот каде илјадници демонстранти протестираат со денови. Двете спротиставени страни фрлале со камења едни кон други и притоа неколку луѓе се повредени. Мубарак вчера изјави дека ќе остане на својата функција до изборите во септември. Опозициската коалиција најави и масовни протести во петок.
XS
SM
MD
LG