Достапни линкови

Руската војска го лоцираше исчезнатиот сателит


Руската војска соопшти денеска дека го лоцирала воениот сателит, кој исчезна пред еден ден, откако влегол во погрешна орбита. Тие со часови неможеле да воспостават врска со сателитот ГЕО-ИК-2, откако тој беше лансиран вчера од северниот дел на земјата. Според извештајот воспоставена е стабилна комуникација со екипажот. Сателитот е изграден за вршење на геодетски истражувања.
XS
SM
MD
LG