Достапни линкови

ССМ на својата агенда ја враќа опцијата за одење во пензија со работен стаж. Власта вели дека предлогот треба да се разгледа, иако тешко дека би бил поддржан.

Одењето во пензија со работен стаж како што беше порано, во форма на иницијатива се враќа на агендата на Сојузот на синдикатите или, пак, се користи како средство за да се покаже активност, зашто се уште, и по смената на раководството не ја достигнаа потребната препознатливост во јавноста за да излезат за заштита на работниците. Ова се коментарите по последниот предлог на синдикатите да може да се оди во пензија со 35 години работен стаж за жени, односно 40 за мажи, без оглед на возраст. Предлогот треба да биде поддржан со анализи за да може да се утврди како тоа ќе влијае напензискиот систем во целина, вели Драге Јовановски, правен експерт кој ја анализира оваа опција:

„Нема издржаност затоа што не е направена ниту пресметка колку ќе ја чини државата и која е таа категорија што ќе оди во пензија.“


Целта на иницијативата, според ССМ, е обезбедување повеќе можности за пензионирање, а не само потребните години старост и минимум 15 години стаж. Претседателот Живко Митревски побара, со оглед на спецификите во многу дејности, и поради обемот и тежината на работата на текстилците, на градежните работници или на други категории тие да може да заминат и во
Во светот има такви модели за одење во пензија и со 30 и со 35 години, со тоа што ќе му ја намалите пензијата на работникот. Овде е во прашање тоа што со 40 години работен стаж постоеше таа варијанта кај нас меѓутоа ја
укинаа.
предвремна пензија. Инцијативата вклучува и опција за нецелосна пензија ако работникот ги исполни условите. За Јовановски проблем е и тоа што повеќе од јасно е дека треба да има извори за тоа и зголемен број работници.

„Во светот има такви модели за одење во пензија и со 30 и со 35 години, со тоа што ќе му ја намалите пензијата на работникот. Овде е во прашање тоа што со 40 години работен стаж постоеше таа варијанта кај нас меѓутоа ја укинаа, така што реално колку постои можност, практично и не постои според мене.“

Во Министерството за труд и социјална политика изјавија дека сметаат дека ќе биде многу тешко да се прифати предлогот, но дека потребно е да се разговара и да се направат посложени анализи.
Тие предлози значи потребно е да се разгледаат детално и аналитички


„Сите овие значат промена на пензискиот систем и не може да се гледат изолирано. Тие предлози значи потребно е да се разгледаат детално и аналитички, односно секој предлог треба да биде подржан со проекти и фискални апликации за да се утврди како ќе влијае на пензискиот систем во целина“, изјави портпаролката Ерзана Јакупи.

Минстерот Џељал Бајарами кажа дека во услови кога во Европа се заоструваат мерките за користење старосна пензија добро е и кај нас да се зачуваат сегашните услови.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG