Достапни линкови

Египетската армија повика на прекин на демонстрациите


Каиро

Каиро

Египетската армија денеска ги повика демонстрантите да ги прекинат протестите и да му се вратат на нормалниот живот. Портпарол на армијата, во телевизиско обраќање, истакна дека египјаните ја испратиле својата порака и оти нивните барања ќе бидат исполнети. Претседателот Мубарак синоќа вети дека ќе си замине од функцијата во септември, кога му завршува мандатот. И покрај тоа, во Каиро и денеска има протести со барање за оставка на претседателот Мубарак, но има и собири на негови подржувачи. Агенциите јавуваат дека во Египет повторно функционираат интернетот и мобилната телефонија.
XS
SM
MD
LG