Достапни линкови

Во Варшава донаторска конференција за демократизација на Белорусија


Претставници од Соединетите Држави и од неколку европски земји се состануваат денеска во Варшава на донаторска конференција за опозицијата во Белорусија. Полска ја има водечката улога во европските напори за промоција на демократијата во Белорусија. Целта на оваа конференција, кој се оценува и како гест на солидароност со белорусите под режимот на Лукашенко, е да им се обезбеди помош на про-демократските сили, независните медиуми и студентите во Белорусија кои беа избркани од факултетите поради опозиционо дејствување.
XS
SM
MD
LG