Достапни линкови

Мубарак: нема да се кандидирам за нов мандат


ТВ обраќање на Мубарак

ТВ обраќање на Мубарак

Илјадници демонстранти кои синоќа останаа во центарот на Каиро побараа од египетскиот претседател Хосни Мубарак веднаш да замине од власт, и покрај неговото обраќање до нацијата во кое рече дека нема да се кандидира за нов мандат на изборите во септември. Стотици илјади луѓе вчера излегоа на главниот плоштад во Каиро во „милионскиот марш“ организиран од опозицијата, барајќи оставка на претседателот. Мубарак во обраќањето на египетската државна телевизија, истакна дека и без оглед на најновите околности, тој никогаш немал намера да се кандидра за уште еден мандат. Поминав многу време во служба на Египет и на својот народ, додаде Мубарак, истакнувајќи дека негова одговорност е да ги врати безбедноста и стабилноста.
Американскиот претседател Барак Обама претходно му порача на својот египетски колега дека САД сметаат оти дошол крајот на неговото владеење и дека треба да овозможи мирна транзиција кон демократија со избори.
XS
SM
MD
LG