Достапни линкови

Во немирите во Тунис загинале повеќе од 200 луѓе


Од протестите во Тунис

Од протестите во Тунис

Околу 220 луѓе загинале, а 510 се повредени во немирите во Тунис, кои доведоа до рушење на диктаторскиот режим на претседателот Бен Али, соопштија ОН, додавајќи дека во земјата сеуште има спорадични насилства. Шефот на мисијата на Високиот комесаријат за човекови права, која е испратена во Тунис, Бакр Н`Диаје изјави дека неговиот тим преброил 147 загинати, покрај 72-те лица кои го загубиле животот во пожарите во затворите и во насилствата поврзани со немирите.
XS
SM
MD
LG