Достапни линкови

Банките на Вол Стрит цел на Ал Каида


Претставници на американските разузнавачки служби ги предупредија банките со седиште на Вол Стрит и нивните директори дека би можеле да бидат цел на Ал Каида, објави вчера американската телевизија НБЦ. Изразена е загриженост поради можноста агенти на Ал Каида со седиште во Јемен да испратат пакет-бомби до персоналот во банките. Противтерористичките единици на ФБИ ги повикаа банките да го подигнат нивото на безбедност во одделите за пошта, особено откако во октомври од Јемен се пратени пакет-бомби во товарни авиони кон САД.
XS
SM
MD
LG