Достапни линкови

logo-print

Комеморација на геноцидот на Ромите во Втората светска војна


Влезот во Аушвиц

Влезот во Аушвиц

Пленарната седница на Европскиот парламент во Брисел денеска ќе почне со комеморација на геноцидот на Ромите, по повод одбележувањето на ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц во 1945 година. Парламентот сака да оддаде почит на луѓето кои долго беа во заборав на колективното сеќавање, изјави европарламентарката Катрин Грез.
За време на минатонеделното одбележување на денот на холокаустот, германскиот парламент прв пат одржа комеморација на геноцидот на Ромите. Според историчарите, за време на Втората светска војна биле убиени меѓу 300 и 500 илјади Роми.
XS
SM
MD
LG