Достапни линкови

Жак Ширак стана почесен граѓанин на Сараево


Поранешниот француски претседател Жак Ширак стана почесен граѓанин на Сараево. Градските пратеници со 21 глас за и еден воздржан на денешната седница ја усвоија одлуката за прогласување на Ширак. Според образложението причината за таквата одлука е поради тоа што Ширак во текот на неговите два мандати од 1995 до 2007 година дал голем придонес за завршување на војнста во БиХ и бил иницијатор за формирање на силите на ЕУ за брза интервенција кои помогнале за воспоставување мир во земјата.
XS
SM
MD
LG