Достапни линкови

Петнаесет македонски граѓани денеска евакуирани од Египет


Протестите во Египет

Протестите во Египет

Министерствотот за надворешни работи соопшти дека денеска 15 македонски државјани ќе се вратат од Египет во Македонија со чартер лет на турската авиокомпанија Туркиш Ерлајнс. Според министерството уште 17 граѓани ќе бидат евакуирани заедно со албански државјани во соработка со албанската амбасада во Каиро.
Денеска во Македонија пристигнаа 8 државјани. Македонскиот амбасадор Миле Манолев ќе остане во Каиро, но 6 члена од семејствата на вработените во амбасадата ќе се вратат во земјава.
XS
SM
MD
LG