Достапни линкови

Рекламна кампања за Законот за високо образование


Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Рекламата за Законот за високо образование, кој е само во фаза на предлог, е своевиден вид на политички маркетинг, сметаат професорите и аналитичарите.

Во Министерството за образование и наука до сега неколку пати, како одговор на рекациите на професорите, посочија дека се подготвени за разговори и потенцираа дека станува збор само за предлог-текст. Ако е во прашање само предлог, кој има шанси да се менува, тогаш зошто се информираат граѓаните за поволностите од предложеното? Освен што во јавноста се оспорува компетентноста на општата популација за деталите на овој закон, се поставува и прашањето зошто се рекламира нешто кое има шанси да се измени?

Професор Мирослав Грчев вели дека очигледно е дека власта нема намера да отстапи од предложеното:
Тоа е дел од една политика и една психологија на власта која може да се нарече, инфантилна. Тоа е еден инает, покажување на моќ.


„Не само затоа што еве гледаме троши државни пари за да го рекламира, туку и затоа што тоа е дел од една политика и една психологија на власта која може да се нарече инфантилна. Тоа е еден инает, покажување на моќ, несакање да се согледа никаква реалност, никаква забелешка, недозволувајќи никаков упад на знаење и експертност во процесот.“

Протест на професорите против измените во Законот за восоко образование

Власта троши народни пари за нешто што личи на политичка кампања, смета Грчев:

„Видовме во изминатите години веднаш откога е стапена на власт во 2006 година, дека се потрошени огромни средства, стотици милиони евра буџетски пари, за политичка кампања која што ги пополни, а во она време и ги
Мислам дека ова е наметнување на една посакувана реалност или посакуван резултат од владата, затоа што се знае дека таквите предлог-закони прво треба да одат на јавна дебата и после тоа ако владата има пари, добро е и да се рекламира истиот.
корумпира сите медиуми.“

Според аналитичарот Љуљзим Хазири, во овој случај станува збор за наметнување:

„Мислам дека ова е наметнување на една посакувана реалност или посакуван резултат од владата, затоа што се знае дека таквите предлог закони прво треба да одат на јавна дебата и после тоа ако владата има пари, добро е и да се рекламира истиот.“

Не се знае дали пратениците во собранието ќе ги прифатат предлог измените, вели Хазири:

„Мислам дека ова е политички маркетинг и наметнување на една реалност која можеби ќе има и други резултати.“

Според министерот Тодоров, Владата има право и обврска да ја информира јавноста за сите политики кои ги спроведува. Како и за повеќето владини реклами, трошоците за оваа кампања за сега се непознати.
XS
SM
MD
LG