Достапни линкови

ОН -Триста луѓе загинале на протестите во Египет


Високиот комесар за човекови права на ОН Нејви Пилај

Високиот комесар за човекови права на ОН Нејви Пилај

Високиот комесар за човекови права на ОН Нејви Пилај изјави денеска дека околу 300 луѓе загинале при немирите на протестите во Египет. Пилај повика да се смират тензиите, пред денешните масовни протести во земјата. Според Пилај, од информациите на невладините организации, околу 3000 луѓе биле повредени, а стотици уапсени. Таа побара од египетските власти да се осигураат дека војската и полицијата нема да употребат прекумерна сила против цивилите.
XS
SM
MD
LG