Достапни линкови

Политичката криза се продлабочува?


Црвенковски и Груевски

Црвенковски и Груевски

Според експертите, со опозицискиот бојкот на Собранието, демократијата во Македонија е нарушена, а во иднина ќе се зголемува и меѓупартискиот јаз и радикалниот вербализам. Според нив, тоа води кон предвремени избори, но тоа ништо нема да промени.

Демократијата во Македонија е загрозена по последната одлука на опозицијата да го напушти законодавниот дом. Протести, демонстрации, гневен народ по улиците е можното сценарио од последниот развој на настаните, предупредува експертската јавност. Професор Алајдин Демири вели дека ваквата ситуација ќе заврши со предвремени избори, но не е убеден дека тоа нешто ќе промени.
Нивото на Македонија во овој момент е во полза на патриотите, затоа што тие многу умешно дури и арогантно ја прават својата мисија и го третираат македонскиот народ како
исплашен.


„Регрутирањето на политиката само на избори е непродуктивен и можеби и штетен, кој бара само одреден дебаланс на политичките сили.“

Според Демири, во иднина ќе се продлабочи меѓупартискиот јаз и радикалниот вербализам кој се изразува преку поделба на предавници и патриоти кај народот.

„Сметам дека нивото на Македонија во овој момент е во полза на патриотите, затоа што тие многу умешно дури и арогантно ја прават својата мисија и го третираат македонскиот народ како исплашен и тука филозофски е нивната предност.“
Тие сакаат по секоја цена да предизвикаат сериозна политичка криза во Македонија.

Според Јован Донев од институтот Евробалкан, бојкотот на опозицијата не е логичен, оти како што вели, местото на опозицијата е во Парламентот.

„Што значи тоа дека ќе делуваат меѓу народот? Па тие досега требаше да делуваат, поентата е секоја политичка партија да делува меѓу граѓаните, тие си имаат општински организации, месни комитети итн. Секој може да излезе во јавноста и да рече ова е недемократска влада, барам вонредни избори.“

Ќе излезе ли СДСМ повторно на улица?

Според Донев, легитимитетот на одржувањето на избори е нарушен кога некој се обидува да предизвика предвремени избори секоја година.

„Значи не постои во светот политичка партија што бара вонредни избори, а рејтингот и е помал од владеачката партија, тоа значи дека вие имате друго сценарио. Тие сакаат по секоја цена да предизвикаат сериозна политичка криза во Македонија, да се формира коалициона влада што ќе ги подготви изборите и на тој начин нешто да победат, нема логика.“

Претседателот на собранието Трајко Вељаноски вчера изјави дека во државата нема политичка криза и дека Собранието ќе продолжи со својата работа како и досега. Тој ја повика опозицијата да се врати во законодавниот дом, оти како што рече, бојкотот не им користи на националните интереси на државата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG