Достапни линкови

Оставка на американскиот амбасадор во Кина


Хилари Клинтон и Џон Хантсман во Пекинг

Хилари Клинтон и Џон Хантсман во Пекинг

Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс потврди дека американскиот амбасадор во Кина Џон Хантсман планира да замине од таа функција во првата половина на оваа година. Претходно во медиумите беше објавено дека Хантсман кој е член на Републиканската партија размислувал во 2012 да се вклучи во претседатлската трка како ривал на сегашниот претседател демократот Барак Обама. Хантсман порано беше гувернер на Јута и течно зборува кинески јазик, бидејќи престојувал како мормонски мисионер во таа земја.
XS
SM
MD
LG