Достапни линкови

Милион луѓе на улиците, повика движењето на опозицијата во Египет за соборување од власт на претседателот Хосни Мубарак. Војската соопшти дека нема да употреби сила за растурање на мирните демонстарции.

Масовните демонстрации против режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак влегоа во втората недела.

Војската предупреди дека ќе спречува грабежи, но нема да интервенира врз демонстрантите.
Најпрвин правото на мирни протести е загарантирано за сите. Второ, не преземајте никаква акција со цел дестабилизирање на безбедноста на земјата или уништување на јавниот или приватниот имот.


„Во име на Алах до големиот египетски народ. Бидејќи вашите вооружени сили ја сфаќаат легитимноста на вашите барања и бидејќи се загрижени за вашата безбедност соопштуваме: Најпрвин правото на мирни протести е загарантирано за сите. Второ, не преземајте никаква акција со цел дестабилизирање на безбедноста на земјата или уништување на јавниот или приватниот имот“, соопшти портпаролот на египетската војска Исмаил Етман.

Новонаименуваниот потпретседател Омар Сулејман, пак, изјави дека Хосни Мубарак побарал од него да почне дијалог со политичките фракции за уставни и други реформи.


Веднаш потоа на државната телевизија беше објавено дека таквите разговори веќе почнале.

Но, приврзаниците на опозицијата најавија дека ќе ги продолжат протестите се додека не биде соборен режимот на Мубарак.

Соединетите Држави, клучниот сојузник на Мубарак за време на неговото речиси 30-годишно владеење, побараа од него да стори повеќе отколку именување нови министри.

Како и да е, Вашингтон досега се воздржа да понуди јавно изнесување дали Мубарак треба да остане или да си замине од власт.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG