Достапни линкови

Пораст на цената на нафтата


Цената на нафтата ја надмина границата од 100 долари за барел, првпат по економската криза во 2008-та. Цената на нафтата расте поради загриженоста од потенцијалното влијание од немирите во Египет. Суровата нафта на лондонската берза сега се продава за 101,01 долар за барел. Египет не е голем производител на нафта, но таму се наоѓа Суецкиот канал, пловен пат преку кој десетици милиони барели нафта поминуваат секој месец за извоз од Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG