Достапни линкови

logo-print

ДПА бара предвремени избори


Лидерот на ДПА Мендух Тачи

Лидерот на ДПА Мендух Тачи

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска побара одржување на предвремени избори во Македонија. Според Тачи на таков начин ќе се премости политичката криза во која се наоѓа земјата, по бојкотот на опозициски партии на Собранието. Тачи смета дека распишувањето на предвремени избори е најбезболна, најмирна и најдемократска варијанта. Тачи најави дека утре ќе има средба со евроамбасадорт Ерван Фуере во седиштето на ДПА во Тетово.
XS
SM
MD
LG