Достапни линкови

Иран го разгледува случајот на двајца германски новинари


Иранските власти соопштија денеска дека се уште го разгледуваат случајот на двајца германски новинари, кои работеле во земјата без акредитација. Според обвинителството двајцата германци влегле во Иран како туристи, а не како репортери и затоа се уапсени, но се уште не е покренато обвинение. Германските власти во неделата побараа новинарите да бидат пуштени на слобода. Тие беа уапсени поради тоа што го интервјуирале синот на Сакине Мохамади Аштиани, која беше осудена на смрт со каменување.
XS
SM
MD
LG