Достапни линкови

Се уште без решение за македонското вино


Македонските винарии без класично решение како ќе го декларираат виното пред почетокот на сезоната на извоз која е во април. Засега успеваат да извезуваат.

Под прашалник извозот може да го доведе Грција, а во меѓувреме се размислува за преодни начини како македонското вино да биде присутно на европскиот пазар. Институциите, знаејќи ги последиците кои може да настанат од непостоењето и незаштитувањето на винскиот регион ги преземале сите можни активности во Брисел и се уште се разговара да се најде решение:
Нашите институции се на размислување или да го заштитат истиот или да ги заштитат винските региони кои ние досега ги имавме во Македонија, Повардарие, источниот и западниот.


„Нашите институции се на размислување или да го заштитат истиот или да ги заштитат винските региони кои ние досега ги имавме во Македонија, Повардарие, источниот и западниот, а дотогаш извозот се одвива непречено и во моментов немаме проблеми“, изјави Марија Митевска, директор на компанија за производство на вино.

Проблемите настанаа минатата година кога според регулативата на ЕУ, требаше сите земји кои се надвор од ЕУ, а извезуваат таму да го декларираат потеклото на виното односно тие земји да имаат регистрирано свои региони. Меѓутоа при обидот да се регистрира Македонија како вински регион, се појави проблем што истот бил веќе регистиран како таков од Грција и во тој момент тоа не можеше да се стори. Минатата година имаше блокади во Германија под притисок на Грција. Но, во винариите велат дека тогаш немало поголеми последици врз извозот зошто во Брисел било договорено решението да се пролонгира.
Податоците велат дека Централна и Југоисточна Европа производителите се многу малку присутни таму, само околу три проценти.


„Реагираа и увозниците во Словенија под притисок од Грција, па бараа од нас дел од етикетите да се сменат во ,,Црвено вино од Република Македонија“, меѓутоа продолжи состанокот на нашите институции во Брисел, таму се донесе решение тоа да се пролонгира за една година, така што некои поголеми загуби не настанаа.“

Илустрација: Лозје

Во меѓувреме, домашните винарии настојуваат и да ги прошират пазарите. Нивна тенденција е сите заедно да настапуваат како значајна винска дестинација. Еден од пазарите на кои се разгледува можностите за пробив е Шведска. Тоа е старо-нов пазар, но со мала застапеност на регионот воопшто:

„Податоците велат дека производителите од Централна и Југоисточна Европа се многу малку присутни таму, само околу три проценти.“

Васко Ристевски од здружението на земјоделци при Стопанската комора смета дека треба повеќе да се вложува во однос на препознатливост на македнското вино преку промоции. Според него позитивно е тоа што се зголемува процентот на присутност на флашираното вино. Минатата година соодносот меѓу наливното и флашираното вино бил 80 наспроти 20, а сега флашираното вино е застапено со педесет проценти.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG