Достапни линкови

Безбеден ли е Велес за живеење?


Криминалитетот во Велес на сцена. Силување, кражби, престрелки... Велешани поделени во ставот, безбеден ли е градот за живеење?

„Разбојници влегле во такси и со нож му се заканиле по живот на таксистот по што му го одземале возилото“, „Кражба на компјутери и LCD телевизори од продавница во центарот на Велес при што имало и престрелка, а двајца од крадците се повредени“, „Велешанец силувал 15-годишно девојче кај Спомен костурницата“. Овие наслови го обележуваат почетокот на годината. Црната хроника многу застапена во локалните гласила.
Децава се доста во опасност затоа што излегуваат во доцните часови се прибираат се покасно и за нив станува полошо во градот. За нас постарите се прибираме рано дома и е релативно добро, но за младината не е добро.

Станува ли Велес небезбедно место за живеење, ги прашавме граѓаните. Тие, пак, поделени во своте ставови. За помладата генерација Велес е безбедно место за живеење.

„Немаме никакви проблеми во врска со безбедноста.“

„Сега засега се чувствуваме безбедно.“

„Релативно безбедно се чуствувам.“

После овој случај што беше со таксистот?

„Па не сум запозната и подобро да не знам се чуствувам безбедно вака“, велат случајно анкетирани млади велешани.

Но, постарите не го делат мислењето на помладите. Сметаат дека Велес полека го губи приматот безбедно место за живеење.
Дење и така и така, ноќе бидејки живеам во центарот на градот слушам разни звуци и викање и сето тоа просто страв да те фати после 24 часот некој да биде надвор од својот дом.

„Дење и така и така, ноќе бидејќи живеам во центарот на градот слушам разни звуци и викање и сето тоа просто страв да те фати после 24 часот некој да биде надвор од својот дом.“

„Во градов моментално осеќам дека децава се доста во опасност затоа што излегуваат во доцните часови се прибираат се покасно и за нив станува полошо во градот. За нас постарите се прибираме рано дома и е релативно добро, но за младината не е добро“, велат анкетираните повозрасни велешани.

Секторот за внатрешни работи со став, нема место за паника. Ситуацијата на подрачјето на градот целосно ја контролирале. Степенот на криминалитет не бил повисок за разлика од претходните години. Припадниците на полицијата одговарале на сите поставени задачи. Како поткрепа дека добро си ја вршат работата посочуваат дека речиси сите потешки кривични дела се расчистени, а сторители се изведени пред лицето на правдата.
Во првите дваесет дена во оваа година, според неделните билтени кои СВР Велес ги испраќаат до медиумите, евидентирани се 30 кривични дела.
XS
SM
MD
LG