Достапни линкови

Македонските граѓани во Египет ќе бидат евакуирани за три дена


Протестите во Египет

Протестите во Египет

Македонските граѓани кои побараа да бидат евакуирани од Египет, поради протестите во земјата ќе се вратат во Македонија на 3 февруари со авион на турската компанија Туркиш Ерлајнс.
Македонскиот амбасадор во Каиро Миле Манолев изјави дека се работи претежно за студенти, постдипломци и неколку семејства кои живеат во Египет.
Според Манолев се намалува бројката на оние граѓани кои се пријавиле за евакуација и се уште не се знае дали има македонски туристи во Египет. Македонската амбасада и натаму ќе остане отворена во Египет.
XS
SM
MD
LG