Достапни линкови

Љупка Арсениевска нов претседател на Апелацискиот суд


Основниот суд во Скопје

Љупка Арсениевска е новиот претседател на Апелацискиот суд во Скопје, откако едногласно беше избрана денеска од Судскиот совет на Македонија. Арсениевска беше в.д претседател на скопска Апелација, откако во декември претседателот Јордан Митриновски поднесе оставка.
Кандидати за функцијата беа судите Блаже Трпевски, Лилјана Шопова, Милка Стефковска, како и претседателката на Основен суд 1 Лидија Неделкова, која пред гласањето ја повлекла кандидатурата.
XS
SM
MD
LG