Достапни линкови

Цените растат


Како ќе се преживее?

Како ќе се преживее?

Инфлаторни трендови бележи македонската економија. Цените се покачуваат, а граѓаните едвај преживуваат. Како владата може да помогне за ублажување на ценовниот шок?

Растот на нафтата на светските берзи се проектира на малопродажните цени. Некои дури и би аргументирале дека нашата економија е влезена во стагфлација бидејки растот е од два до три проценти, а се бележи инфлација. Без разлика која терминологија ќе се избере за опис на сегашната ситуација, факт е дека се` поскапува, а судејќи по изјавите на граѓаните, стандардот не може да надомести за тоа.

„Основните продукти се поскапени за 50 отсто и повеќе, во изминативе три-четири месеци.“
Основните продукти се поскапени за 50 отсто и повеќе, во изминативе три-четири месеци.

„Не може на крај да се излезе. Големи се обврските, мали се пензиите.“

Наскоро се чини дека и шеќерот ќе им го загорчи животот на граѓаните. Наскоро оваа намерница ќе се продава по 65 денари за килограм, наместо за четириесетина денари, како што беше лани. Маслото за јадење ќе „скокне“ од седумдесетина на 100 денар по литар, а цената на брашното се удвои. Граѓаните, судејќи по изјавите, го чувствуваат сево ова:
Мислам дека државата треба да интервенира во делот на субвенции, да се потикнат извозно ориентираните гранки, индустрии, за да може да бидеме поконкурентни надвор и да се има повеќе свеж капитал за да се внесат во домашната
економија.


„Се бориме народот да ќе преживееме, од денес до утре. Нека се покачат платите и пензиите и 2011 година нека ни тргне на убаво.“

Но, колку може Владата да помогне? Дали во услови на пазарна економија на власта и е дозволено директно да ги диктира цените во малопродажбата? Економистите се согласуваат дека власта може само индиректно да интервенира. Сепак, реагирањето со стоковите резерви може да го ублажи ценовниот шок најдолго за еден месец. Власта треба да инвестира кон зајакнување на домашната економија со цел да се намали увозната зависност на земјава, смета економскиот аналитичар Висар Адеми.


„Мислам дека државата треба да интервенира во делот на субвенции, да се потикнат извозно ориентираните гранки, индустрии, за да може да бидеме поконкурентни надвор и да се има повеќе свеж капитал за да се внесат во домашната економија.“

Со приливот на свеж капитал од извозот, може да се очекува зајакнување на домашната економија, со што би се санирале и ценовните шокови ’увезени‘ од надвор, појаснува Адеми.

„Мислам дека со посилно локално стопанство и со поголеми локални компании мислам дека ќе имаме намалени цени.“
XS
SM
MD
LG