Достапни линкови

Прекината комуникација власт-опозиција


Собранието се испразни?

Собранието се испразни?

Прекинот претставува политичка криза која што многу веројатно води кон предвремени избори, толкуваат експертите.

Одлуката на СДСМ да го напушти Собранието е конечна, а денешната координативна седница кај претседателот Трајко Вељаноски е безуспешен маркетиншки трик да се покаже некаков дијалог со опозицијата. Оваа изјава на генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров потврдува дека опозицијата ќе делува надвор од институциите.
Ние ќе делуваме меѓу народот, со граѓаните, бидејќи народот како никогаш досега во демократската историја на Македонија не бил прегазен од страна на некоја владеачка гарнитура која буквално владее со терор, со закани.

„Ние ќе делуваме меѓу народот, со граѓаните, бидејќи народот како никогаш досега во демократската историја на Македонија не бил прегазен од страна на некоја владеачка гарнитура која буквално владее со терор, со закани, со арач, со уништување на се што мисли поинаку и со правење притисок врз луѓето“, изјави Петров.

За владејачката ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на опозицијата е штетна за државата. Собранието ќе продолжи да работи, иако се разбира ќе има влијание врз квалитетот на неговото работење, признава Петар Поп-Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова навистина е лош потег од страна на СДСМ кој што ќе и нанесе огромна штета на Македонија. Ваквите потези само ја уназадуваат европската агенда на Република Македонија.


„Ова навистина е лош потег од страна на СДСМ, кој што ќе и нанесе огромна штета на Македонија. Ваквите потези само ја уназадуваат европската агенда на Република Македонија.“

Одлуката на СДСМ, НСДП, Нова демократија, Нова алтернатива и Либерална партија да го напуштат Собранието не ја поддржа Либерално демократската партија. Решени се да останат во Собранието и да делуваат како опозиција.

„Секоја борба на опозицијата чија што крајна цел е смена на власта, треба да се одвива во институциите на системот, во овој случај во Парламентот и токму поради тоа остануваме“, изјави Роза Топузова-Кареска од ЛДП.

Предвремени избори како резултат на политичката криза?

Владејачката ДУИ останува воздржана околу натамошниот развој на настаните. Тешко е да се предвиди што понатаму ќе се случува, вели Тахир Хани од оваа партија.

„Партискиот врв се уште не го постави ова прашање како ќе работите понатаму, очекуваме наредниве денови да имаме седница.“

Последните случувања на политичката сцена ќе создадат прекин во комуникацијата власт-опозиција, а несомнено е дека ќе предизвикаат и политички тензии, објаснува политичкиот аналитичар Исмет Рамадани. Рамадани, кој во пратеничкото столче помина четири мандати вели дека демократските стандарди во земјава се нарушени.

„Обично Парламентот, предлозите на законите и другите акти ги добива од владата на Република Македонија и тогаш тоа веќе значи и политичка криза затоа што ќе бидат донесени без опозиција.“

Според Рамадани, многу веројатно е дека сите овие случувања водат до предвремени избори.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG