Достапни линкови

Србија денеска ги предава одговорите на Прашалникот на ЕУ


Штефан Филе и Мирко Цветковиќ

Штефан Филе и Мирко Цветковиќ

Српскиот премиер Мирко Цветковиќ ќе му ги предаде денеска на еврокомесарот за проширување Штефан Филе одговорите на Прашалникот на Европската комисија.
Средбата меѓу Цветковиќ и Филе ќе се одржи во Брисел каде српскиот премиер за европската интеграција на земјата ќе разговара и со претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј и со претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо.
Брисел во ноември минатата година им го предаде на српските власти Прашалникот со повеќе од две илјади прашања, врз чија основа ќе биде донесена конечната одлука за доделување на Србија на статус на земја кандидат за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG