Достапни линкови

Шојбле - репрограмирањето на долгот нема да и помогне на Грција


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека се разгледува можноста за репрограмирање на долгот на Грција, но се спротивстави на јавната дебата за реструктруирање на нејзиниот долг.
Според него евентуалното реструктруирање на грчкиот долг нема да и помогне на земјата да се справи со должничката криза.
Германскиот министер за финансии истакна дека Грција дава јасни сигнали дека може да се справи со отплаќањето на својот долг, споменувајќи ги тука оценките на Грција и на Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG