Достапни линкови

Уставниот Суд на Казахстан одби референдум за продолжување на власта на Назарбаев


President Nursultan Nazarbaev

President Nursultan Nazarbaev

Уставниот Суд на Казахстан го отфрли планираниот референдум со кој треба да се продолжи власта на Претседателот Нурсултан Назарбаев до 2020 година. Претходно Парламентот гласаше за одржување на референдум, по што Претседателот Назарбаев побара мислење од Уставниот Суд. Назарбаев, кој има 70 години и кој е веќе 20 години на власт, најави дека планира да се кандидира на изборите во 2012. Уставниот амандман донесен во 2007 му овозможува неограничено да се кандидира за Претседател. Според, меѓународните посматрачи, во Казахстан досега не се одржани фер и демократски избори, а планираниот референдум за САД и ЕУ е демократско назадување.
XS
SM
MD
LG