Достапни линкови

Евакуација на странските државјани од Египет


Демонстрации во Каиро

Демонстрации во Каиро

Соединетите Американски држави, Ирак, Канада, и Азербејџан од денеска организираат летови за да ги евакуираат своите државјани од Египет откако во изминатава недела антивладините протести во северно африканската земја стана насилни.Белгија почна со евакуацијата а Турција веќе организира евакуација за 750 свои државјани кои живеат во Египет. Владите на Австралија, Кина, Финска, Германија, Холандија, Данска, Франција, Шведска и Русија ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Египет, поради напнатата и непредвидлива ситиација во која се наоѓа земјата. Многу од светските авиокомпании ги откажаа своите редовни линии за Египет.Египетската ситуација ќе биде една од темите на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел.
XS
SM
MD
LG