Достапни линкови

Картер: Мубарак треба да си поднесе оставка


Поранешниот американски претседател Џими Картер кој посредуваше во мировните преговоори меѓу Египет и Израел во 1978 година изјави дека египетскиот претседател Хосни Мубарак веројатно ќе мора да си поднесе оставка. Новинските агенции повикувајќи се на говорот на Картер за време на неговото предавање пренесуваат дека состојбите со немирите на Блискиот Исток не биле толку лоши од 1981 година кога тој го напуштил претседателскиот кабинет. Картер изјавил дека САД сака Мубарак да остане на власт но египетскиот народ одлучи, тој мора да се симне од власт. Тој сметал дека за време на 30 годишното владеење Мубарак станал политички корумпиран.
XS
SM
MD
LG