Достапни линкови

Ганучи нема да се кандидира на претседателските избори во Тунис


Опозицискиот лидер Рашид Ганучи

Опозицискиот лидер Рашид Ганучи

Тунискиот опозициски исламски лидер Рашид Ганучи синоќа изјави дека не сака да се кандидира на претседателските избори. Тој додаде дека никој од неговата партија нема да биде претседателски кандидат, бидејќи, како што вели, партијата не е подготвена да се врати на политичката сцена и сега е време за нејзина реконструкција.
Ганучи вчера се врати од Лондон во Тунис по 20 години живот во егзил.
Тој е основач на екстремистичкото исламско движење Енахда.
XS
SM
MD
LG